|

Промотивно скијање на Ски
центарот Кожуф
За една недела почнува интензивна градежна сезона вредна
12 милиони евра.
погледај репортажа тука
Педесетина скијачи од ски
клубот “Кожуф од Кавадарци и останати гости од земјава,
изминатиов викенд ја има можноста промотивно да скијат на
патеките на скијачкиот центар #Кожуф# кој сеуште е во
изградба. Пријатното време им дозволи на страсните
љубители на скијањето да уживаат во снежната покривка од
скоро еден метар на надморска висина од 2200 метри.
Познавачите на зимскиот спорт велат дека патеката е
извонредна за скијање, а посебно задоволство им причини
новиот ски лифт кој беше неколку часа во промотивна
функција. Скијачите беа задоволни и од убавините кои ги
нуди планината Кожуф. Со ова активност заврши промотивната
сезона на скијачкиот центар кој полека никнува на Кожуф
планина. Од наредната недела започнува интензивна градежна
сезона вредна 12 милиони евра. Според извршниот директор
на Ски Кожуф, Ангел Наков околу 9 милиони евра од
планираниот буџет за градба годинава се банкарски
средства, а остатокот се средства од партнери кои се
вклучуваат во проектот. Вкупниот буџет за 2007 е 12
милиони евра, а досега биле инвестирани 4,2 милиони. “Ова
градежна сезона опфаќа завршување на три многу важни
работи. Ќе се асфалтира пристапниот пат од “Смрдлива вода”
до ски центарот во должина од 15 км и ова активност е
влезена во програмата на Владата. Вториот дел опфаќа
изградба на инфраструктура во населбата,водоснабдување,
канализациона мрежа и она што е најважното, прочистителна
станица која ќе се гради по топ технологија со македонски
ум. Автор на проектот е проф. Ѓорѓи Кангуловски. Ќе се
постават првите инсталации за скијање (шестоседа жичара)
уште еден ски лифт и инсталации за производство на
технолошки снег. Планираме отворање на центарот во
декември идната година” вели извршниот директор Наков.
Идеата за изградба на ски центарот Кожуф е стара од 1992
година кога се започнати и првите хидрометеоролошки мерења
се до 1997 година. На почетокот на 2001 е регистрирана
компанијата која започна да го гради центарот. Во овој
момент изграден е современ ски лифт, ресторан (бачило) на
надморска висина од 2060 метри, околу 8 км сообраќајници,
3 км водовод во населбата каде е лоциран и комплексот за
сместување на околу 600 градежни работници. Направена е и
еколошка студија која е прва од таков вид во земјава.
Досега продадени се 50 плацови за изградба на викенд куќи
во центарот. Наков вели морале да се одлучат на тест
продажба со цел да утврдат која е пазарната вредност на
проектот кој тежи 76 милиони евра. Еден метар квадратен со
вклучени комуналии се продавал по 49 евра. За илустрација,
плац од 500 м2 чини околу 20 илјади евра. “Никогаш не сме
рекле дека како компанија имаме 76 млн евра и дека сами ќе
го изградиме центарот, но имаме бизнис план и програма. Со
наши средства ќе стигнеме до одредено ниво на изградба, а
потоа ќе бараме стратешки партнер, за што веќе и се водат
преговори.” вели извршниот директор на Ски Кожуф и
најавува дека наредната година ќе се појават на пазарот со
450 индивидуални викенд куќи. Засега, според официјалните
информации, ниту еден политичар во земјава или популарна
личност нема купено плац на Ски Кожуф. “За ВИП личностите
имаме резервирано посебен дел. Сакаме да ги донесеме тука,
затоа што тие ќе го градат имиџот на центарот.-велат од
ски центарот. Наков потенцира дека имаат одлични релации
со политиката и дека досега имале соработка со сите
гарнитури на власт, но пред извесен период се соочиле со
проблеми предизвикани од поединци од СДСМ кои потекнуваат
од Гевгелија. Како што ни беше најавено, наскоро ќе
започнат активности за поврзување со пристапен пат на
Кавадарци со Ски центарот, за почеток со технички пат .
Овој патен правец се очекува да биде завршен до септември
идната година, за што веќе ветување дал и вицепремиерот
Ставревски. Поврзувањето на Кавадарци со скијачкиот центар
ќе биде преку селата Крњево, Чемерско, Бохула, Радња.
Должината од с. Крњево до ски кожуф е 20 км. Пресметките
покажале дека за асфалтирање на патниот правец Смрдлива
вода-ски центар ќе бидат потребни помеѓу 4,8 и 6,8 млн
евра, а за изградба на пристапниот пат од кавадаречка
страна околу 7 милиони. Минатата година околу 80
отсто од градежните активности ги реализираа кавадаречки
фирми, а за годинава се планира вработување на околу 200
лица. Минатата година во овој период го формиравме
скијачкиот клув “Кожуф”. Имавме желба да ги видиме
терените за скијање на нашата најблиска планина. Од она
што го видовме и од условите за скијање сме воодушевени.
Имаме за цел да обучиме квалитетни скијачи, а тоа во
иднина ќе го правиме на патеките на Ски центарот Кожуф. Во
Кавадарци има голем интерес за овој спорт. За пример ако
пред неколку години имаше дваесетина пара скии сега има
над две илјади.” Вели проф. Блаже Велков претседател на
скијачкиот клуб Кожуф. Скијачкиот центар е располан на
надморска висина од 1.500 до 2.200 метри, веднаш до
грчката граница. Опфаќа над 450 ха скихјачки терени што
можат да ги задоволат сите категории на скијачи. На
скијачкиот ценат ќе бидат изградени угостителски и
спортски објекти
АНГЕЛ ДАНОВ


Петок 18.05.2007
20:00
Теми:
-Дождот
добредојден за земјоделските култури- после долгиот сушен
период
-стручни совети за заштита на виновата лоза од болести и
штетници советува - М-р Диме Златев


Недела 20.05.2007
Гостувaaт:
група НОКАУТ


Понеделник 14.05.2007
20:30
Гостува: Богдан Богданов -
началник на п.е на Министердството за земјдоелство
шумарство и водостопанство.
angel@ktv41.com.mk

сабота
19.05.2007
18:00
тема:
-Кастрација кај кучињата
-Воден лилјак |