Од 4 јули 1991 година во етерот над Кавадарци започна да се емитува програмата на приватната телевизија КТВ-41. За почеток со квалитетен ТВ сигнал се покриваше целата општина Кавадарци, а подоцна програмата на КТВ-41 се следи во Кавадарци, Росоман, Неготино, Градско и Демир Капија, преку репетиторскиот пункт Љубаш. Во делот на информирањето на граѓаните КТВ-41 има голем придонес во навременото, точно и непристрасно информирање на граѓаните за поважни настани од регионот, поради што КТВ стана неделив дел од животот на тиквешани. Технички телевизијата е опремена со најсовремена дигитална опрема. За нашата гледаност говорат и резултатите од истражувањата што во изминатиот период ги вршеа повеќе истражувачки агенции. Студио
|
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник
























