| ВВ Тиквеш ке игра со полскиот Азот Пулави во Челенџ купот |
|
|
|
| Среда, 28 Јули 2010 21:42 |
|
|
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Сите македонски ракометни екипи како и женската сениорска ракометна репрезентација на ждрепката во Виена за противници добија екипи какви во најмала рака и поссакуваа.Сепак да бидеме попрецизни македонските претставници во купот на ЕХФ, Челинџ и купот на куповите имаа различна среќа. Според првичните информации најмалку срека имаа претставниците на нашиот клуб ВВ Тиквеш кој во европскиот Челенџ Куп за противник го доби полскиот Азот Пулави кој ќе биде домаќин на првиот натпревар.Станува збор за екипа која во регуларниот дел од сезоната во Полска минатата сезона заврши на 4 место а во разигрувањето загуби со 3-2 од многу поквалитетната Висла Плок иако Азот водеше со 2-0 по првите две средби.Винарска визба Тиквеш ќе стартува директно од третото коло а првиот натпревар нагости ке го одигра на 20 односно 21 ноември додека реванШот е по 7 дена и да се надеваме во салата Јасмин.Во ист термин своите средби ке треба да ги одигра и екипата на Вардар Про кој е голем фаворит против Брехем од Луксембург во третото коло од купот на куп победниците. Првиот дуел ќе се игра во Скопје на 20-ти или 21-ви ноември, а реваншот 7 дена подоцна во Луксембург.Пелистер ќе почека додека го дознае противникот во вториот круг од ЕХФ купот.Всушност битолчани ке се сретнат со победникот од дуелот Дуделанж од Луксембург и Кастриоти од Косово.Од купот на ЕХФ доаѓа и единствениот женски тим од Македонија, не сметајќи ја Лигата на шампионите. Кале Кичево ќе игра против шпанскиот дебитант Ле Ба Леон Балонмано.Станува збор за женската екипа на Адемар Леон која е далеку од квалитетите на многу пославниот машки претставник.Најпрво на гости, на 16-ти или 17-ти октомври, а 7 дена потоа и пред кичевската публика. Шампионите на Македонија, машката и женската екипа на Металург од порано ги добија есенските евро-мисии. Најекспонираната македонска репрезентација на меѓународната сцена, женската ракометна, денеска ги дозна противниците во прелиминарните квалификации за Светското првенство во Бразил 2011-та.Најдобрите македонски ракометарки се носителки на втората група, а противниците во неа се Швајцарија, Грција и Азербејџан.Само првопласираните екипи од четирите претквалификациски конкуренции ќе обезбедат место за бараж натпреварите, идниот јуни.Покрај Русија како актуелен светски првак и Бразил како домаќин, директно учество на мундијалот ќе изборат и најдобрите три селекции од Европското првенство во Данска и Норвешка овој декември.Останатите 12 екипи ќе бидат потенцијални противници на квалификантите во јунските баражи. Квалификацискиот турнир за македонската репрезентација ќе се одржи од 30-ти ноември до 5-ти декември, а предноста да го организира ја доби Грција.Ако грците не прифатат улогата се префрла на Азербејџан, Швајцарија па Македонија редоследно.







