Home icon Home»ВЕСТИ»МАКЕДОНИЈА»Слаб интерес за пререгистрација на возила со бугарски таблички
Слаб интерес за пререгистрација на возила со бугарски таблички PDF Печати Е-пошта
Среда, 28 Јули 2010 21:34

polovni_vozilaШеесетина дена пред истекот на рокот што го даде Владата за регулирање на статусот на возилата со странски таблици во земјава, интересот на граѓаните за нивна легализација е минимален. Граѓаните што имаат вакви возила велат дека немаат намера да земат македонски регистарски таблички зашто постапката им е прескапа во споредба со вредноста на автомобилот.Во земјава се возат и автомобили со странски таблички на кои им е истечена регистрацијата, а не е мал бројот и на автомобили на повратници од САД за кои нема начин за легализација во земјава.Според Законот, возилата што нема да се пререгистрираат ќе мора да ја напуштат земјава, а до нивното следно влегување во Македонија ќе мора да поминат најмалку 6 месеци. Според законските одредби, возила со вакви таблички може да се возат до септември годинава.Во шпедитерските куќи тврдат дека деновиве кај нив речиси и да нема возила со бугарски таблички за пререгистрација. Најчесто се царинеле возила со таблички од други држави, швајцарски и германски. Низ цела Струмица на пример се возат бугарски возила, но oчигледно никој нема намера да ги легализира .Возилото треба да ги исполнува хомологациските услови. Царинската постапка се спроведува и давачките се плаќаат пред да се изврши техничкиот преглед. Доколку возилото не ги исполнува овие услови, увозникот нема да може да го регистрира возилото и ќе се соочи со големи непотребни трошоци за враќање во странство.При царинење на возилото неопходна е оригинална сообраќајна книшка за возилото и изјава за вредноста, доколку возилото подолго време е во сопственост на увозникот, или купопродажбен договор, фактура. За да може да се утврди царинската вредност, потребно е да се достават податоци за патнички возила: вид, марка, модел, тип на возило, погонско гориво, број на врати, година на производство, работна зафатнина на моторот, силина на моторот, ниво на опрема. Царинењето на употребуваните патнички возила се врши според живеалиштето на увозникот, во царинските испостави во Скопје, Куманово, Штип, Гевгелија и во Битола.Бугарските возила ќе се царинат без транзитна постапка, односно возилата што ги управуваат лица со регулиран престој во странство можат да започнат постапка на царинење без транзитна постапка на граничен премин. Тоа значи дека можат директно да се јават во царинските испостави каде што се спроведува постапката на царинење на возила.

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari