| Законот за домување предвидува санкционирање на непослушни соседи |
|
|
|
| Среда, 28 Јули 2010 21:31 |
Станарите кои сакаат да формираат куќен совет, односно заедница на сопственици според новиот Закон за домување, а не можат да се договорат со своите соседи, не треба да се плашат дека ќе ја платат ригорозната казна од 300 евра. Со овој Закон всушност се предвидува санкционирање на непослушните соседи. Имено, предвидено е дека во секој колективен станбен објект може да се појави некој којшто ќе одбива да ги извршува своите обврски и со тоа ги спречува другите, изложувајќи ги сите на опасност да платат глоба. На пример во една зграда 4-5 станари сакаат да формираат заедница на сопственици, а 12 одбиваат. Првите можат да потпишат иницијатива и со неа да поведат вонпарнична судска постапка која пред надлежните комунални инспектори ќе им послужи како доказ дека не по своја волја се заложници на соседите. Тогаш казната ќе ја платат оние 12 кои не се согласувале да се организираат во заедница на сопственици, појаснуваат од Министерството за транспорт и врски. Законот што официјално ќе почне да се имплементира од 13 август, ќе треба да го спроведува локалната самоуправа, но општините не само што не се подготвени за тоа, туку поголемиот дел од нив не знаат дека контролата ќе треба да ја вршат општинските комунални инспектори.Тоа ќе биде дополнителна обврска на комуналните инспектори кои, пак, ќе постапуваат по пријава на граѓани. Доколку во некоја зграда нема формирана заедница на сопственици, станарите за да се оградат од казната, самите ќе ги пријавуваат своите несовесни соседи.Според Законот за домување секоја зграда мора да се регистрира во Централниот регистар, што чини 2.452 денари. Тоа ќе значи дека секој станар задолжително ќе си ги остварува обврските кон зградата во која живее и ќе вложува во резервниот фонд за инвестициско одржување коешто ќе чини денар по квадрат станбена површина.Граѓаните за подетални информации можат да се информираат на веб-страница на министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk. Законот за домување овозможува наместо заедница на станари обврските во нивно име да ги врши фирма што ќе ја ангажираат станарите. Проблем е тоа што во моментов ниту една фирма не поседува лиценца која е задолжителна и ја издава Регулаторната комисија. Имено, комсијата е формирана но, се уште нема седиште, така што се уште не почнала да издава лиценци.Доколку станарите на некоја зграда се договориле да ангажираат специјализирана фирма, но не можат поради тоа што ниту една нема лиценца, во тој случај доказ пред надлежните комунални инспектори ќе им биде записникот од состанокот на којшто го договориле тоа, потпишан од сите што се согласиле.
|
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Станарите кои сакаат да формираат куќен совет, односно заедница на сопственици според новиот Закон за домување, а не можат да се договорат со своите соседи, не треба да се плашат дека ќе ја платат ригорозната казна од 300 евра. Со овој Закон всушност се предвидува санкционирање на непослушните соседи. Имено, предвидено е дека во секој колективен станбен објект може да се појави некој којшто ќе одбива да ги извршува своите обврски и со тоа ги спречува другите, изложувајќи ги сите на опасност да платат глоба. На пример во една зграда 4-5 станари сакаат да формираат заедница на сопственици, а 12 одбиваат. Првите можат да потпишат иницијатива и со неа да поведат вонпарнична судска постапка која пред надлежните комунални инспектори ќе им послужи како доказ дека не по своја волја се заложници на соседите. Тогаш казната ќе ја платат оние 12 кои не се согласувале да се организираат во заедница на сопственици, појаснуваат од Министерството за транспорт и врски. Законот што официјално ќе почне да се имплементира од 13 август, ќе треба да го спроведува локалната самоуправа, но општините не само што не се подготвени за тоа, туку поголемиот дел од нив не знаат дека контролата ќе треба да ја вршат општинските комунални инспектори.Тоа ќе биде дополнителна обврска на комуналните инспектори кои, пак, ќе постапуваат по пријава на граѓани. Доколку во некоја зграда нема формирана заедница на сопственици, станарите за да се оградат од казната, самите ќе ги пријавуваат своите несовесни соседи.Според Законот за домување секоја зграда мора да се регистрира во Централниот регистар, што чини 2.452 денари. Тоа ќе значи дека секој станар задолжително ќе си ги остварува обврските кон зградата во која живее и ќе вложува во резервниот фонд за инвестициско одржување коешто ќе чини денар по квадрат станбена површина.Граѓаните за подетални информации можат да се информираат на веб-страница на министерството за транспорт и врски 







