Home icon Home»ВЕСТИ»ЗЕМЈОДЕЛИЕ»Вчерашното невреме во Росоман направи големи штети
Вчерашното невреме во Росоман направи големи штети PDF Печати Е-пошта
Среда, 28 Јули 2010 16:26

nevreme_2Вчера во попладневните часови Росоман и околината беа зафатени од ново силно невреме. Градот направи оштетувања на земјоделските површини и до 100%. Земјоделците се во паника. Не можат да поверуваат дека по само неколку дена ги зафати нов градоносен облак и целосно им го собра родот.

Денес Росоман го посети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски кој излезе на лице место да ги согледа штетите врз земјоделските култури.

“Жал ми е што само по неколку дена пак морав да дојдам во Росоман и да ги согледам последиците од невремето кои овој пат се многу поголеми. Општинската комисија за проценка на штети мора веднаш да излезе на терен и да ги согледа штетите. Да изготви извештај кој треба да помине на советот, а потоа да се најде и пред владата. Како МЗШВ се трудиме да им помогнеме на граѓаните и ќе изнајдеме начини за обесштетување на земјоделските производители.“рече меѓу другото министерот Димовски и апелираше до граѓаните сериозно да го сватат осигурувањето на земјоделските посеви од невреме. Тој најави дека во скоро време ќе се сретне со осигурителните компании и ќе им препорачал проценките да ги вршат не по квантитет на родот туку по оштетувањата.

Градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов исто така апелираше до земјоделците да си ги осигураат земјоделските посеви. Рече дека вчерашните штети се многу поголеми од тие што беа направени пред некој ден. “Општинската комисија за проценка на штетите веќе излезе на терен и врши проценка“ – потенцира Лазов. / А. Данов

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari