Home icon Home»ВЕСТИ»МАКЕДОНИЈА»МВР апелира да се запази рокот за пререгистрација на возилата со странски таблици
МВР апелира да се запази рокот за пререгистрација на возилата со странски таблици PDF Печати Е-пошта
Среда, 28 Јули 2010 16:23

vozacСо оглед дека остануваат уште два месеци од рокот за пререгистрација на возилата со странски регистарски таблички (рокот истекува на 30.09.2010), Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните кои се сопственици на возила со странски регистарски таблички, да го запазат дадениот рок и да ја извршат потребната пререгистрација на возилата навреме, согласно нормативните одредби.

Притоа, овој рок се однесува на оние возила коишто подолг период беа увезени и се возеа со странски таблички на територијата на Република Македонија. Исто така потсетуваат дека на 05.08.2010 истекува рокот за пререгистрација на увезени возила според т.н. стандард Еуро 1.  Веднаш по истекот на дадените рокови ќе се организираат акциски контроли и сите возила кај коишто не се испочитувани законските одредби, односно се управуваат спротивно од Законот ќе бидат одземени и предадено за натамошна царинска постапка.

 



 

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari