Home icon Home»ВЕСТИ»ТИКВЕШИЈА»Превентивна акција на сообраќајната полиција
Превентивна акција на сообраќајната полиција PDF Печати Е-пошта
Среда, 28 Јули 2010 16:20

soobrakajna_patrolaПревентивна акција со цел безбедно управување со мотор денес успешно реализира ПО за БПС при ПС Кавадарци.Низ кавадаречките улици се запираа возачите на мотор за да им се подели флаер со едукативни содржини изготвен од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на РМ.

“Целта ни е да ги едуцираме возчите на мотор дека задолжително мора да носат заштитен шлем-кацига кога управуваат со мотор, но и  да имаат положено возачки испит, како би се избегнале несогледливи последици“ – вели Диме Крстев инспектор за превенција по сообраќајни работи од ПС Кавадарци. По денешната превентивна акција сообраќајната полиција ќе започне засилени контроли и сите возачи на мотор кои не ги почитуваат законските прописи за безбедно учество во сообраќајот ќе се соочат со репресивни мерки. Ќе бидат организирани и сообраќајни поучувања во кавадаречката полиција.

Превентивните акции што ги работеше  ПО за БПС минатата година беа подржани од граѓаните, а покажаа и ефект на терен. Бројот на незгоди беше значително намален, а возачите покажаа поголема почит кон законските одредби. За само неколку дена во јули годинава се случени неколку сообраќајни незгоди во кои учесници се моторцикли и технички неисправни трактори.

За возење велосипед со мотор, треба да се положи возачки испит за “М“ категорија. За тоа треба да се има полни нарем 14 години, а оние кои немаат 18 години, покрај возачкиот испит за познавање  на сообраќајните знаци и правила, уверение за психофизичка , потребна е изјава  (одобрение) од родител односно старател. Велосипедите со мотор фабрички се ограничени со брзина од 45 км/ч.

Брзината треба да се контролира, затоа што 50% од настраданите во сообраќајните незгоди се повредни, страдаат или умираат, токму поради брзината.

За управување на мотор со зафатнина од 125 см3 – потребна е возачка дозвола од поткатегоријата А1, каде што спаѓаат мотоцикли, трицикли и четирицикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 11 кw и треба да имате најмалку  16 години, а веќе на полни 18 години, доколку веќе  имате возачка дозвола  од а1 категорија  се стекнувате со право  на дозвола од А категорија.

Најчести здравствени проблеми поради неносење на соодветна заштита при возење  на мотор се: воспаленија на дишните патишта, воспаленија на зглобовите на разцете и нозете, воспаление на бубрезите и мочните патиша. При сообраќајни незгоди мотоциклистите најчесто се здобиваат  со скршеници на рацете и нозете, повреди на главата и `рбетниот столб, нагмечено расцепни рани на кожата. Сето тоа остава трајни последици  врз здравјето на човекот, како и функционални и естетски белези на телото. Со почитување на правилата и прописите и носење на соодветна заштита мотоциклистите можат да ги избегнат овие закани по здравјето.

Возачите секогаш треба да ги имаат овие податоци на ум  и да размислуваат. Речиси 50% од настраданите во сообраќајни незгоди страдаат поради брзина, повеќе од 50% загинати во сообраќајните незгоди  умираат поради брзина. Речиси 50% од телесно повредените  во сообраќајни незгоди  повредени се поради брзина.

Ако не носете кацига, а  управувате мотор покрај сопствениот ризик за вашата безбедност се соочувате и со парична казна од 35 евра. / Aнгел Данов

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari