Home icon Home»ВЕСТИ»МАКЕДОНИЈА»Колку проблематичен ке биде хасапот за киосците за храна
Колку проблематичен ке биде хасапот за киосците за храна PDF Печати Е-пошта
Вторник, 27 Јули 2010 15:03

HACCP_sertifikatГолемите киосци за брза храна, кои ги има речиси на секое ќоше, идната година може да исчезнат, поради воведување на Хасап-системот за контрола на производство на храна, најавен за јуни 2011 година. Тоа практично значи дека можат да бидат затворени голем број ќебапчилници, пицерии, палачинкари, бурекчилници и други.Строгите хигиенски услови и стандарди кои ги предвидува овој систем, но и високата цена за неговото воведување, ќе бидат преголем залак за малите киосци. Кога Хасап-системот се воведе во Унгарија, речиси една третина фурни преку ноќ ставија клуч на врата. Тие искуства од регионот навестуваат дека истото може да се случи и во Србија но и во Македонија, но без оглед на тоа, одложувања нема. Сите кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна ќе мора да го воведат новиот систем.Според Законот за безбедност на храната предвидено е сите кои работат со храна, па и фурнаџиското и кондиторското производство, да имаат воведено Хасап-систем. Десетти јуни 2011 е крајниот рок кога тој ќе мора во целост да се воспостави, велат во Генералниот инспекторат при Министерството за земјоделство.Но, тоа не е се. Малите стопанственици ги очекува уште еден удар по џебот. Секој кој работи со храна во редовен работен однос ќе мора да има и лице со соодветна стручна подготовка за спроведување и примена на Хасап-системот, објаснија во Генералниот инспекторат.Постои теоретска можност сопствениците на продавници сами да воспостават таков систем, велат во Министерството за земјоделство. Но, тоа малку е веројатно, бидејќи Хасап не подразбира сертификат закачен на ѕид, туку систем кој функционира. Во пракса, ќе биде неопходно да се ангажираат консултантски и сертификатски куќи кои се бават со оваа работа, а чии услуги се многу скапи.

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari