| Сопотските џаламари на карневал во Чапљина |
|
|
|
| Вторник, 27 Јули 2010 15:01 |
|
|
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Карневалската група Џаламари од Сопот по покана од туристичката организација Чапљинка од Чапљина,БиХ ке треба да учествува на маѓународниот карневал кој ке се одржи на 7 и 8 август годинава.Поради ограниченото време и годишните одмори сопотската карневалска група ги информира сите заинтересирани лица а особено членовите на карневалските групи од Сопот и Ресава да го пријават своето учество кај организаторот на настапот односно во карневалската група од Сопот.Сместувањето и исхраната се обезбедени од страна на домаќинот додека превозот и осигурувањето ке мора да си го платат самите учесници.Според предвидениот план би требало да се тргне вечерта на 5 август.Во петок 6 август планирана е посета на Сутоморе и Будва.На 7 август ке се посети Чапљина и ке се земе учество на карневалот а за 8 август предвидена е посета на Дубровник и враќање назад.Оваа голема карневалска екскурзија како и учеството на Чапчинскиот карневал е само еден дел од богатата меѓународна понуда која секоја година доаѓа на адреса на карневалската група џаламари од село Сопот







