Home icon Home»ВЕСТИ»МАКЕДОНИЈА»Од следната година општините ке управуваат со државното градежно земјиште
Од следната година општините ке управуваат со државното градежно земјиште PDF Печати Е-пошта
Вторник, 27 Јули 2010 14:59

zgrada_izgradbaПо стапување на сила на новиот Закон за градежно земјиште, кој е во работна фаза и за кој се расправа на трибини, општините треба да го преземат управување со државното градежно земјиште од Министерството за транспорт и врски и тие да бидат надлежни за идните продажби на овој тип земјиште. Со него се очекува општините да можат да привлекуваат странски и домашни инвестиции со цел економски да се развијат.На вчерашната јавна трибина било истакнато дека менаџирањето со неизграденото државно градежно земјиште е одговорен процес што овозможува урбанизација, реализирање нови инвестиции и подобрување на економската слика на сите општини поединечно забрзувајќи го економскиот раст на земјата во целост.Владата континуирано презема активности со цел овој процес да биде што поефективен за што е потребно и општините да имаат добри административни капацитети, во насока на обезбедување на потребниот квалификуван персонал и систематизирање на сервисите кои општините ги нудат на граѓаните, со цел нивна побрза реализација.Сега и официјално се очекува Законот да биде донесен до крајот на септември, а да стапи во сила следната година, при што општините ќе бидат надлежни за отуѓување и давање под долготраен и краткотраен закуп на неизграденото државно градежно земјиште. Практично, целокупниот процес на продажба на градежното земјиште ќе се одвива во единиците на локалната самоуправа, а цената на земјиштето ќе ја предлагаат нивните совети. Стекнувањето сопственост врз градежното земјиште на општините ќе им овозможи влегување во процес на концесионирање или на јавно-приватно партнерство што, пак, ќе биде во функција на локалниот развој. Значајна новина во новиот закон ќе биде што земјиштето ќе се нуди преку електронско јавно наддавање.Локалните самоуправи преку своите градоначалници се изјасниле дека се подготвени да ја преземат оваа одговорност и да управуваат со земјиштето на нивните територии

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari