Home icon Home»ВЕСТИ»СПОРТ»10 екипи од 7 земји годинава во БИБЛ лигата
10 екипи од 7 земји годинава во БИБЛ лигата PDF Печати Е-пошта
Вторник, 27 Јули 2010 14:53

bibllogo_12879Откако стана јасно дека во следната сезона лигата ќе брои 10 екипи раководството на Еврохолд БИБЛ лигата одлучи да направи и мали модификации. Посебно кога се зборува за системот за натпреварување.Првата информација која доаѓа од Софија е дека во лигата наш единствен претставник ќе биде екипата на Фени Индустри. Вардар Осигурување го откажа учеството заради финансиски проблеми па нивното место им беше понудено на екипата на Торус.Меѓутоа и тие не прифатија бидејки биле неподготвени за еден таков предизвик кој не им бил во план за претстојната сезона.Годинава 10 наместо 12 екипи од дури 7 различни земји поделени во две групи со по пет екипи ке учествуваат во БИБЛ лигата.Три претставника ке имаат бугарите и тоа Левски Софија,Балкан Ботевград и Рилски Спортист од Самоков,црногорците ке имаат два и тоа Ловќен од Цетиње и Морнар од Бар,и по еден претставник ке имаат Србија во ОКК Београд,потоа Зрињски од Мостар БиХ,Свјетлост од Славонски Брод Хрватска,Муреш Таргу од Муреш Романија и наШиот шампион Фени Индустри од Кавадарци. И официјално третото издание на БИБЛ ќе стартува на 2 октомври, и тоа во црногорското пристаниште Бар,каде во улога на домаќин ќе биде екипата на Морнар.Редовниот дел од сезоната ќе се состои од 10 кола, првото од нив е  програмирано да биде на 13 октомври, последното на 2 март.Елиминациската фаза,пак, е предвидена да стартува на 23 март, а да заврши на 6 април со евентуалните мајсторки (ќе се игра на два добиени натпревари во четвртфиналето).Фајнал-фор турнирот е закажан за периодот од 19 до 21 април 2011 година.Тука е и најголемата промена на одлуките на Бордот на БИБЛ, која предвидува своевидна награда за најдобрите. Имено, првопласираните две екипи од двете групи во регуларниот дел ќе обезбедат директен пласман на финалниот турнир. За (пре)останатите две места на Ф4 ќе се борат второ, односно третопласираните екипи од двете групи кои ќе играат по системот подобар од три,што е новитет кога се зборува за формирањето на големата четворка. Предност на домашен терен во евентуалниот трет натпревар ќе имаат подобропласираните екипи (во овој случај оние кои ќе завршат на втората позиција по десет одиграни кола.Групите и распоредот на натпреварите се очекува да биде познат после 10 август.

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari