| Понеделник последен рок за аплицирање за субвенции за млеко |
|
|
|
| Сабота, 13 Март 2010 13:32 |
|
|
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Во понеделник завршува поднесувањето на барањата од страна на земјоделските производители за финансиска поддршка за произведено и продадено кравјо млеко во периодот од 1 октомври до 31 декември 2009 година, а во согласност со Програмата за финансика поддршка во земјоделството за 2010 година. До крајот на предвидениот рок се очекува барања да достават сите млекопроизводители кои ги исполнуваат критериумите и кои ги комплетирале потребните документи за користење на средства од оваа програма. Висината на финансиската поддршка изнесува 2,5 денари за литар млеко. Со оваа Програма се предвидува и зголемување на поддршката и тоа: за 15 насто за семејни земјоделски стопанства кои се наоѓаат во подрачја со отежнати услови за производство, за 10 насто за млади земјоделци или жени-носители на земјоделско стопанство, доколку производните капацитети се во сопственост на носителот на стопанството и за зголемување за 5 насто за регистрирани земјоделци во согласност со Законот за вршење земјоделска дејност и за осигурениците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со подмирени придонеси за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување. 







