Home icon Home»ВЕСТИ»МАКЕДОНИЈА»Изгласани измените во законот за заштита од пушењето
Изгласани измените во законот за заштита од пушењето PDF Печати Е-пошта
Сабота, 13 Март 2010 13:13

Pusenje_1Пушачите ке можат слободно за запалат цигара на летните тераси и во бавчите на кафулињата откако собранието вчера го изгласа предлог-законот за заштита од пушење поднесен од пратениците на владеачката партија.Со најновите измени ке се дозволи пушењето во бавчите и на летните тераси кои ке бидат покриени со тенди,покриви или чадори но само доколку не добијат облик на затворен простор.Од туристичко угостителската комора пак не се задоволни од измените посочувајки дека законот е дискриминирачки бидејки сите кафулиња немаат летни тераси.Затоа најавија дека од понеделник ке поднесат иницијатива до Уставниот суд,а за во вторник најавуваат итен меѓусебен состанок на кој ке ги договорат следните заеднички чекори кои ке ги превземат.Тие и натаму остануваат на сопствениот став и бараат да се дозволи да се пуши и внатре во угостителските објекти.На состанокот ке направат анализа на прометот со податоците од заводот за статистика и се надеваат дека тогаш можеби ке ги уверат политичарите дека трпат огромни загуби.Пратениците од опозицијата коментираат дека со донесувањето на овие измени владата уште еднаш докажала дека му води инает на сопствениот народ .Од комората инсистираат во собранието да се разгледа и нивниот предлог а пратеникот Ѓорѓи Оровчанец се стави на располагање нивниот предлог да го проследи до собранието.Угостителите посочуваат дека не ја исклучуваат можноста незадоволството да го изразат преку колективно непочитување на законот односно да им дозволат на гостите да пушат како и сите заедно со подршка на граѓаните да запалат цигара пред владата.Тие велат дека демократијата го гарантира правото и слободата на избор.Во случајов на пушачите им е ускратено правото на избор па се прашуваат каде е тука демократијата.

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari