| Усвоен новиот закон за служба во АРМ |
|
|
|
| Сабота, 13 Март 2010 12:01 |
Останува старосната граница во службата на професионалните војници во АРМ, кои по 38 години старост ќе може да преминат во активната резерва. Собранието вчера го усвои новиот Закон за служба во АРМ, кој на војниците не им нуди подолга кариера, но им дава можност за бесплатно здравствено осигурување, месечен надомест од 7.000 денари и можност за учество во мисии.Независниот синдикат на професионалните војници е незадоволен од законот во кој не се интегрирани нивните барања. Војниците неколкупати протестираа против одредбата што им ја ограничува службата и бараа по старосниот лимит да бидат прераспоредени во неборбени единици или во други државни институции. Од очекувањата и од нашите барања нема ништо. В недела имаме собрание на синдикатот и ќе решиме што ќе преземеме - изјавува Веле Крбакоски од Независниот синдикат на професионалните војници. Другиот синдикат во АРМ, Самостојниот синдикат на вработените во одбраната, го поддржа решението за професионалните војници уште кога беше предложено од Министерството за одбрана.Владејачката партија смета дека законот нуди одлични решенија за статусот на професионалните војници, а опозицијата го оцени како лош, без трајно решение и со противуставни одредби. СДСМ предупреди дека усвојувањето на законот, кој не соодветствува на современите текови и практиките во европските земји, ќе остави на улица минимум 4.000 лица. Партијата предлага на професионалните војници да им се продолжи старосната граница за работа до 45 години, до 55 години да примаат паричен надомест, а потоа да бидат пензионирани |
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Останува старосната граница во службата на професионалните војници во АРМ, кои по 38 години старост ќе може да преминат во активната резерва. 







