Home icon Home»ВЕСТИ»ТИКВЕШИЈА»Општината ќе го гради патот до депонијата Мелци
Општината ќе го гради патот до депонијата Мелци PDF Печати Е-пошта
Петок, 12 Март 2010 15:50

Kavadarci_-_opstinska_zgradaСо 2 милиони денари или со 50% од вкупната сума за изградба на пристапен пат до депонијата Мелци ќе учествува со буџетски средства општина Кавадарци. Ваква одлука донесе на последната седница кавадаречкиот совет во чие образложение се наведуваат се наведени причините за отпочнување со активности за изградбата на пристапениот пат до депонијата Мелци.

Како локација за одлагање на цврстиот отпад од Кавадарци и населените места е месноста “Мелци“ која се наоѓа југозападно од градот, покрај регионалниот пат Кавадарци-Прилеп  на оддалеченсот на околу 4км од градот. Од вкупниот пат до депонијата 750 метри се пат без потребните елементи и одводнување со што е отежнато користењето на депонијата посебно во зимски услови . Затоа за нормално користење на депонијата неопходно е потребниот останат дел од патот да биде изграден и асвалтиран. Бидејки условите на тој дел од патот се катастрофални ЈП Комуналец во изминатиот период често се соочуваше со поголеми дефекти на транспортните возила камиони и трактори со кои се транпортира отпадот. За проектот “изградба на пристапен пат до депонијата Мелци општина Кавадарци ке аплицира на Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други  активности од областа на животната средина  за 2010 година објавен од Минситерството за животна средина и просторно планирање. Проектот се состои од неколку фази и тоа: припремни и земјени работи, одводнување и горен слој на асвалт. Вкупната вредност на овој проект е 4 милиони денари, 2 милиони од Министерството за животна средина и 2 милиони од програмата за комунална изградба.      АНГЕЛ ДАНОВ

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari