Home icon Home»ВЕСТИ»СПОРТ»За прв пат во историјата завршницата од купот без Ѓорче Петров
За прв пат во историјата завршницата од купот без Ѓорче Петров PDF Печати Е-пошта
Среда, 10 Март 2010 11:45

rakometna_federacijaМеталург Скопје, Кале Кичево, Леов Бартек и Гевгелија се четирите екипи кои на 24 април ќе ги вкрстат копјата во полуфиналната пресметка за трофејот од националниот Куп. Сега веќе и формално,бранителот на трофејот,Ѓ.Петров е елиминиран и за првпат во историјата на македонскиот женски клупски ракомет оваа екипа нема да учествува во завршницата.Куриозитет, бранителот на Купот е елиминиран од дебитантот во Супер-лигата – Леов Бартек. Уште еден куриозитет е што во полуфиналето се пласираше и екипа од Првата лига, Гевгелија, па заедно со Л. Бартек прават полуфинално дуо кое лани водеше битки во понискиот ранг на натпреварување.Победникот на годинешниот турнир ќе биде само трет освојувач на Купот на Македонија. Вардар Срем (еднаш) и Кометал Ѓ. П. Шеснаесет пати, го освојуваа овој трофеј, кој во недостиг на супериорен тим од калибарот на Кометал, одново станува трка за престиж.За организација на завршницата на женскиот куп,за разлика од мажите, ќе се преговара, разговара, лицитира.Ждрепката за полуфиналните парови и договорот за организација на истите ќе се одржи во РФМ, следниот петок, на 19 март. Така,  организаторот ќе има нешто повеќе од еден месец за да се подготви за оваа манифестација, која е закажана за 24/25 април.Главен фаворит е Металург Скопје, екипа која годинава оди по двојната круна на домашната сцена, другите екипи не се во позиција да кажат дека се блиску да бркаат изненадување. Иако под претпоставка да се организатори на групата, би можеле да бидат  порамноправни и да се промовираат пред македонската јавност со оглед на тоа дека финалето на купот секогаш е директно пренесувано на телевизија.Се разминат ли во полуфиналната ждрепка, тогаш сосема извесно во финалето ќе се сретнат Металург Скопје и Кале Кичево. Се "паднат"ли во полуфиналето овие две екипи, тогаш Леов Бартек за првпат или Гевгелија за втор пат ќе се најдат во големото финале.Кале Кичево и Металург лесно ја завршија својата работа во ¼ финалето.Металург некогашното дерби со Вардар Ос.го претвори во игра на  "мачка и глушец" и му нанесе пораз на "црвено-црниот" тим кој долго нема да може да го заборави.50:17 е рекордната победа која Металург ја има извојувано во дуелите со градскиот ривал.Во финалето уште и полесна задача имаше првиот фаворит за пехарот, а екипата на Феникс за Битола си замина со минус од 31 гол или 52:21.Кале Кичево одигра импресивно против екипата на Фон Универзитет во победата од 32-27Леов Бартек немаше тешка задача со домаќинот Куманово и во финалето се сретна со бранителот на пехарот, Ѓорче Петров кого го изненади победувајќи го во екстра времето со 20-19 .Во Гевгелија, домашниот тим, екипа чија база се екс играчи на Вардар и која следната сезона терба да игра во Супер-лигата стигна до финален натпревар со екипата на Жито Прилеп, кој котира високо на првенствената табела во најсилното натпреварување. Домашниот терен им ја даде потребната самодоверба на гевгеличанки кои победија со 32-28.На прилепчанки не им помогнаа биту 17 гола на Тања Шалевска која едноставно неможеше се да направи сама.

Мики   Виденовиќ

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari