| Полицијата го откри измамникот на пензионери од Кавадарци |
|
|
|
| Вторник, 09 Март 2010 17:44 |
|
Имено, осомничениот со негово патничко возило специјално доаѓал во Кавадарци и откако ќе го паркирал возилото во центарот наградот се упатувал пеш по кавадаречките улици да бара жртви кои ќе наседнат на неговите измамнички трикови. Барал лица кои се постаи. Најчесто измамените биле на возраст од 60-80 години. Тони им се претставувал како нивен близок роднина, кумашин и слично. Им кажувал дека во моментот му се потребни пари за на царинење на стока, за плаќање на казни, даноци и сл. Од измаените барал пари во износ од 2.000 до 7.500 денари. Од 9 лица успеал да одземе 33.000 денари. Оштетените се повикани во ПС Кавадарци каде го препознале сега осомничениот , а наводен нивен роднина, по што полицијата поднесе кривични пријави за 9 сторени кривични дела “измама“. Полицијата апелира до сите граѓани, а посебно до повозрасните да бидат повнимателни и да не наседнуваат на вакви измамнички трикови. Пари да не им даваат на непознати лица иако истите им се претставуваат како роднини. АНГЕЛ ДАНОВ |
Време
![]()
Од утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./
ТВ Огласник




Кавадаречката полиција денеска информира дека го откри, пронајде и приведе измамникот кој во периодот од септември минатата година до пред некој ден извршил 9 кривични дела измама. Се работи за лицето Тони.К (37) од Радовиш кој и бил познат на полицијата и по други кривични дела.







