Home icon Home»ВЕСТИ»ЗЕМЈОДЕЛИЕ»Ako сакате да го копачите лозјето треба да ви одобри министерот за земјоделие
Ako сакате да го копачите лозјето треба да ви одобри министерот за земјоделие PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Март 2010 17:40

grozdЗа да се ископачи старото лозје, да се насадат нови лози, да се произведе вино или да се продава ракија е потребно писмено одобрување лично од министерот за земјоделство, стои во новиот Предлог на закон за вино. Одобрување од министерот е потребно и ако сопственикот на лозјето реши да ги прекалеми лозите или пак ги смени сортите на лози.

Лозарите сметаат дека премногу надлежности се слеани во една институција.

- Не велиме дека не треба да има контрола во работењето, но премногу надлежности се во рацете на Министерството за земјоделство. Освен тоа законот има премногу недоречености како на пример, кој ја презема одговорноста и ризикот ако се садат одредени сорти на лозје се препорачани од Министерството, а потоа нема кој од винарниците да ги купи - велат во Федерацијата на фармери на Македонија.

Од таму објаснуваат дека не се против воспоставување ред во лозарството, но сепак земјоделецот, а не министерот треба да го има крајниот избор.

Во Министерството за земјоделство велат дека сортите и површините за садење на лозјата што се одобруваат преку министерот, се пропишани во Стратегијата што ја одобрува Владата.

- Министерот за земјоделство во тој случај само ја спроведува политиката на Владата. Другите работи од Законот за вино што ги пропишува министерот се подзаконски акти што се однесуваат на технички работи што ќе бидат регулирани со правилници и кои пред да се донесат ќе треба да се усогласат со Секретаријатот за законодавство - велат во Министерството за земјоделство.

Експертите велат дека ова е најголемиот проблем во цела ситуација и се надеваат дека пред да се усвои законот ќе се прифатат нивните забелешки кои предвидуваат спроведувањето на законот да се контролира од независно тело составено од винарници, лозари и експерти.

Понатаму во законот стои дека министерот ја пропишува формата и содржината на одобрението за садење.

„Ако некој лозар насади лозје без одобрение или во спротивност со издаденото одобрение за садење, лозите ќе бидат ископачени. Трошоците за ископачувањето се на товар на производителот. Заради евиденција на лозовите насади и идентификација на производителите Министерството води Национален регистар на лозови насади, а Министерот донесува поблиски прописи за формата, содржината и начинот на одржувањето на Националниот регистар на лозови насади, предвидува законот. Производителите на грозје ги пријавуваат површините на кои одгледуваат лозови насади повторно во подрачните единици на Министерството.

Понатаму во законот се предвидува и пријавување на произведеното грозје за вино, а Министерот ја пропишува формата, содржината и начинот на поднесување на пријавите за количините на купено и продадено грозје од последната берба.

Производителите на вино ги пријавуваат количините на вино произведени од тековната винска година во подрачните единици на Министерството.

- Министерот ја пропишува формата, содржината и начинот на поднесување на пријавите за количините на вино и истиот ги пропишува референтните методи на анализа за утврдување на хемискиот состав на вината. Исто така министерот ги пропишува поблиските услови во поглед на просториите и опремата за производство на вино - стои во законот.

И контролата на виното е во рацете на Министерството за земјоделство.

„Физичко-хемиска анализа на виното заради ставање на виното во промет може да врши само акредитирана лабораторија и овластена од министерот за земјоделство“, се вели во понатамошниот текст од законот.

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari