Home icon Home»ВЕСТИ»ЕКОНОМИЈА»Оние што примаат само плата не треба да одат во УЈП
Оние што примаат само плата не треба да одат во УЈП PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Март 2010 13:57

UJP_logo1Една недела пред завршувањето на рокот за поднесување годишни даночни пријави, интересот на граѓаните за исполнување на оваа обврска се' уште е мал. Очигледно сите чекаат да го фатат последниот воз за да ги пријават екстра приходите за 2009 година. Дека е така покажува и последниот податок, според кој само една третина од граѓаните ја исполниле својата обврска. Поточно, само 45.346 граѓани поднеле пријави за дополнителните приходи, а се очекува крајната бројка да се заокружи на 150 илјади лица, што е повеќе од минатата година кога беа поднесени 140.086 пријави и тоа се сметаше за рекорд.И додека оние што треба да поднесуваат пријави очигледно го чекаат 15 март за да го исполнат долгот кон даночните власти, еуфоријата околу поднесувањето на пријавите и дезинформациите дека секој треба да поднесе годишна даночна пријава, збуни добар дел од граѓаните. Имено, како што се приближува 15 март, крајниот рок за поднесување на пријавите, дел од граѓаните што земаат само плата, понесени од стравот дека ќе бидат казнети доколку и тие не ги пријават примањата се затрчаа да поднесат пријави. Заради расчистување на дилемите, од УЈП потенцираат дека лицата што земаат само плата на која работодавецот има платено данок, немаат никаква обврска да поднесуваат годишна даночна пријава.Ослободени од ваква обврска се и граѓаните што во текот на минатата година заработиле само од пензија и од земјоделска дејност, што се оданочува според катастарски приходи или самостојна дејност.Сите останати имаат обврска да ги пријават приходите, па доколку на тие примања бил платен данок, УЈП издава решение за нула проценти данок. Годишна даночна пријава доставуваат и обврзниците што остваруваат лични примања од странство, од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави, претставници и службеници на претставништва што уживаат дипломатски имунитет и кои сами го утврдуваат и го плаќаат данокот. Персонален данок на доход се плаќа годишно на збирот на нето-приходите од сите извори, освен приходите што се изземени од оданочување. Приходите се оданочуваат со стапка од 10 отсто. Од УЈП информираат дека за прием на даночните пријави, сите даночни канцеларии ќе работат и за време на претстојниот викенд. На граѓаните што со задоцнување или кои воопшто нема да поднесат ГДП, УЈП ќе им изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност. На правните лица, пак, ќе им биде изречена казна од 2.000 до 3.000 евра. Минатата година 10 илјади граѓани заработиле прекршочни пријави, бидејќи не поднеле годишни даночни пријави за 2008 година. Тие требало да пријават бруто-приход од две милијарди денари, за кои требало да платат данок од 119 милиони денари.

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari