Home icon Home»ВЕСТИ»ЕКОНОМИЈА»Царината и за стари и за нови автомобили 5%
Царината и за стари и за нови автомобили 5% PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Март 2010 13:53

avtomobili111Старите и новите автомобили што ќе бидат увезени во Македонија ќе се царинат исто, односно царинските давачки ќе изнесуваат 5 отсто од вредноста на автомобилот.За сите автомобили што се увезуваат без разлика на техничките перформанси на возилото, ќе се плаќа иста царинска давачка.. Ова го предвидува амандманот на измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа што беше прифатен вчера од собраниската Комисија за финансирање и буџет, а поднесен од група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Со ова би се извршило целосно изедначување на царинските стапки во глава 87 во царинскиот тарифник кај патничките автомобили, со што и новите и употребувани автомобили ќе бидат со иста царинска давачка од пет проценти. Со оваа царинска давачка би се царинеле сите автомобили без разлика на видот на каросеријата и техничките перформанси на возилото.Членовите на Комисијата го усвоија и амандманот со кој Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за царинска тарифа ќе стапи во сила веднаш по објавувањето во „Службен весник“. Со ова, влегувањето во сила на овој закон се усогласува со стапувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи.

 

Време

 

oblacno-dozd_grmoteviciОд утре ќе настапи постепена промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, наместа ќе дува умерен северен ветер, особено утре и во среда. Температурата ќе биде во опаѓање, најпрвин во северните, а потоа и во останатите делови на земјава./

ТВ Огласник

oglasnik2

Покриеност

pokrienost

Гроздобер 2009

grozdober2009

ЛОЗАРИ ПРОТЕСТ

protest_lozari