
Општина
Кавадарци е меѓу 36-те општини во земјава што добија
реализација на проектот “Граѓанско услужен центар“.
Денеска по повод празникот на градот 7 ми септември се
одржа негова јавна презентација. “Овој центар значи
едношалтерско работење. Граѓаните многу побрзо ќе можат да
си ги остварат своите права, наместо да шетаат од
канцеларија во канцеларија“ рече во изјавата за КТВ,
раководителот на секоторот за развој при Локална
самоуправа Кавадарци, Тодор Ефремов.
подготви:
Ангел Данов
e-mail:
angel_ktv@t-home.mk
angeldanov@ktv41.com.mk

Во
градскиот парк во Кавадарци се гради винска куќа во која
ќе можат да се дегустираат вина од кавадаречките винарски
визби. Ова е дел од проектот “Интегрирана програма за
развој на човекови ресурси“ вреден 249.159 евра. Проектот
пред гостите од збратимените градови со Кавадарци го
претстави градоначалникот Панчо Минов..
подготви:
Ангел Данов
e-mail:
angel_ktv@t-home.mk

Во рамките на
манифестацијата Тиквешки гроздобер синоќа се одржа етно и
вински фестивал.
angeldanov@ktv41.com.mk

Синоќа
во Музеј Галерија Кавадарци беше отворена изложбата
“Лозарството и винарството во Тиквешијата од антика до
денес.
angeldanov@ktv41.com.mk

Во
полн ек е бербата на грозјето. На многу пунктови стопиран
откупот на кратошијата бидејќи не им била веќе потребна на
преработувачите. Лозарите во паника каде да го предадат
грозјето. Од откупните пунктови најавија откуп на
смедеревката. Се калкулира со цена од 8-9 денари за
килограм, многу помалку од тоа што бараа лозарите.
подготви:
Билјана Наумова

Според
претседателот на Федерацијата на фармери на Република
Македонија, Ѓоко Данаилов, годишнава берба и откуп на
грозјето се одвива стихијно и без релевантни калкулации за
откупни цени.
подготви: Мишко Митрев

Стариот
детски диспанзер во Кавадарци кој до неодмана беше во фаза
на распаѓање и собиралиште на нарко зависниците од денеска
премина во ново музичко училиште. Се изврши целосна
реконструкција на објетот. Од сега учениците од ОМБУ “Лазо
Мицев-Рале’ ќе учат во далеку подобри услови.
подготви:
Милица Мелова
e-mail:
milicamelovaa@t-home.mk

Министерот за
животна средина и просторно планирање Наџати Јакупи во
посета на општина Демир Капија.

За 8 те месеци од годината на територијата на општина
Неготино избувнале 70 пожари.
подготви: Светлана Дарудова
e-mail:
svetlana_nm_neg@t-home.mk